Македонски

Македонски

Ние можеме да ви помогнеме со правни проблеми за криминални дела, раздвојување на семејство, семејно насилство, издржување на деца, доселување, социјална сигурност, ментално здравје, долгови и сообраќајни прекршоци.

Нашите бесплатни услуги содржат:

  • информации по телефон
  • семинари и работилници
  • совети со закажување.

Ако ви треба постојана помош од страна на правник можете да поднесете барање за парични средства за правна помош. Дали ќе добиете средства ќе зависи од вашата ситуација. 

Контактирајте не

Јавете ни се за да видиме како можеме да ви помогнеме. Кога ќе се јавите, побарајте преведувач и кажете ни го јазикот кој го зборувате.

Работно време од понеделник до петок, 8.45 – 17.15 час
Телефон 1300 792 387

Ако имате закажано со Victoria Legal Aid, побарајте од нас да ви обезбедиме преведувач. Оваа услуга е бесплатна.